(ВИДЕО) Пропагандистот на Путин, Сатановски: Ќе ги убиеме сите што се против Русија

Од:

Владимир Соловјов, пропагандистот на Путин и човекот кој ја велича војната против Украина на руската јавна телевизија, во емисијата го прими Евгениј Сатановски.

Сатановски исто така е човек на Путин кој работи во институт кој се занимава со прашања од Блискиот Исток.

Во емисијата како и многупати досега тема беше НАТО и можна војна. Веста за ова гостување ја објави Џулија Дејвис, репортер на Дејли Бист, која вообичаено објавува клипови од емисиите на руската телевизија.

„Главните пропагандисти на руската државна телевизија размислуваа за различни начини да го нападнат Западот за помош на Украина: од планирање на атентат на моќни владини функционери од „Списокот Сатановски“ до користење на енергијата како оружје против Европа.

Пријателот на Путин составува „список за убиства“ на западни функционери

„Оние кои се со нас ќе бидат добро, а останатите ќе ги убиеме“, рече Евгениј Сатановски, жесток путинов пропагандист, додека го промовираше „Списокот Сатановски“ на руската државна телевизија, објави Дејвис.

Инаку, Соловјов во емисија праша како да ги победи Американците.

„Тие што се со нас ќе бидат добро, останатите ќе ги убиеме“, рече Сатановски.

„Па што да правиме, да убиеме 1,5 милијарди луѓе од земјите на НАТО?“, низ смеа праша водителот Соловјов.

„Зошто НАТО? Тие не се против нас. Има мала група против нас. Тие не се плашат од ништо. Од времето на Горбачов, кога почнавме да играме по нивните правила, тие веќе не се плашат од нас. Тоа е главната работа фактор“, рече тој. Додаде дека се работи за стотици луѓе.

„И треба да знаат дека ако има потреба ќе им дојде крајот“, додаде Сатановски.

Би можело да ве интересира

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

Додик отпатува за Русија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина