(ВИДЕО) Членови на Вагнер забележани во Венецуела: „Каде и да одат носат смрт“

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е загрижен поради извештаите дека платеници од Вагнер групата биле видени во Венецуела со тамошната армија под команда на Николас Мадуро.

Мадуро прогласи победа на неодамнешните претседателски избори и покрај сомневањата дека изборите биле наместени, што предизвика бран протести. Зеленски рече дека ова е пример за руско мешање во работите на други земји.

„Извештаите за присуството на руски платеници Вагнер во Венецуела со владините сили се загрижувачки. Каде и да одат овие криминалци, тие носат смрт и нестабилност“, напиша Зеленски на X.

„Тоа е жив пример за бесрамното мешање на Русија во работите на другите земји, како и нивната добро позната стратегија за сеење хаос низ светот“, додаде тој.

Зеленски рече дека единствениот излез од тешката ситуација во Венецуела е преку мирни и демократски процедури, а не со испраќање атентатори за да се влоши ситуацијата.

„Ја осудуваме употребата на сила против мирните демонстранти и ги повикуваме сите да ја почитуваат волјата на народот. Вистинските лидери не се кријат зад платеници од својот народ“, напиша Зеленски на X.

Пред два дена се појави информација дека групата Вагнер е во Венецуела, каде што помага во задушувањето на протестите. Видеата на социјалните мрежи покажуваат наводен члена на Вагнер меѓу државната армија на брифинг пред задушувањето на протестите.

Венецуелскиот изборен совет официјално го прогласи Николас Мадуро, кој е на власт од 2013 година, за победник на неодамнешните претседателски избори. Опозицијата тврди дека според пребројувањето на околу 90 отсто од гласовите победил нивниот кандидат Едмундо Гонзалес.

Кога поддржувачите на Гонзалес излегоа на улиците во знак на протест, тие се соочија со безбедносните сили и вооружените провладини групации.

Според државниот обвинител, убиени се најмалку 17 демонстранти, а околу 750 се уапсени.

Министрите за надворешни работи на Г7 изразија загриженост поради измама при пребројувањето на гласовите на претседателските избори во Венецуела.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен рече дека Соединетите Држави го сметаат Гонзалес за победник на изборите во Венецуела.

Блинкен, исто така, изрази загриженост за безбедноста на венецуелските опозициски лидери, особено Гонзалес и Корина Мачадо.

Би можело да ве интересира

Зеленски ја продолжува „војната“ со Фицо

Зеленски: Украинската армија сега е поголема од руската

Се разгорува конфликтот за гас во Европа, Путин ги трие рацете

Зеленски: Трамп може да ја натера Русија да ја запре војната оваа година

Зеленски: Украина не води тајни преговори со Русија зад грбот на своите партнери

Зеленски: Распоредувањето на европскиот контингент не може да биде единствената безбедносна гаранција