ВИДЕО: Четворица мртви и петмина исчезнати по експлозијата во зграда во Сицилија

Од:

Четири лица загинаа, а пет се водат за исчезнати по експлозијата што предизвика уривање на четирикатница на Сицилија, соопштија властите во неделата.

Две жени се пронајдени живи под урнатините во Равануса на југот на земјата, откако зградата се урна синоќа, а спасувачите со кучиња трагачи се уште трагаат по преживеани на местото на несреќата.

Локалната единица за цивилна заштита на својот Твитер профил потврди дека досега загинале четири лица.

На телевизиските снимки се гледа куп урнатини и дрвени греди на местото на зградата, околу која се наоѓаат оштетени згради.

Експлозијата најверојатно била предизвикана од истекување гас, соопштија властите и веднаш отворија истрага.

-Гасот веројатно нашол шуплина каде што се акумулирал, изјави Џузепе Мерендино, командант на пожарникарите во провинцијата Агриџенто, за телевизиската станица Rainews24.

„Насобраниот гас веројатно бил активиран од случајно активирање: автомобил, лифт, електричен апарат.

Набргу по експлозијата, градоначалникот на Равануса, Кармело Д’Анџело, преку Фејсбук ги повика на помош „сите достапни луѓе кои имаат лопати и булдожери“.

– Се случи катастрофа, кажа тој.

Педесет луѓе мораа да ги напуштат становите, изјави Д’Анџело за Rainews24, бидејќи во експлозијата се оштетени и соседните згради.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани

Пет работници загинаа во Палермо

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески