ВИДЕО: Брутален потег на чешки полицајци, човек што не носел заштитна маска соборен на земја пред неговото мало дете

Од:

Снимката од инцидент во чешкиот град Ухерско Храдиште, на која се гледа како полицајци соборуваат човек на земја пред неговото мало дете, поради тоа што не носел заштитна маска, предизвика гнев ширум светот.

Според информациите од медиумите, инцидентот се случил во средата. Човекот шетал со детето кога полицијата го застанала, бидејќи не ги почитувал мерките и решиле да го приведат. Во следниот момент, човекот е соборен на тротоарот, а на снимката се гледа како детето неутешно плаче, обидувајќи се да го одбрани својот татко.

Детето го зеде во прегратка работничка од блиската пекарница, обидувајќи се да го смири.

Полицијата го потврди инцидентот и соопшти дека двајцата полицајци се суспендирани.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тројца полицајци се снимале како незаконски пукаат од „калашников“, сега заработија пријави

Горан Наумовски

Беровчанец со автомобил прегазил полицаец, а на друг полициски службеник му упатувал закани

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница