А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

(ВИДЕО) Тројца полицајци се снимале како незаконски пукаат од „калашников“, сега заработија пријави

by А1он25/07/2024 - 11:3025/07/2024 - 11:331352
Share0

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција поднесе кривична пријава против А.Д., полициски службеник во Полициско одделение Теарце, Д.Д., полициски службеник во Полициско одделение Теарце и Ј.Б., полициски службеник во Полициската станица за граничен премин Јажинце при Регионалниот центар за гранични работи Север, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „предизвикување на општа опасност“.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Првопријавениот А.Д. на 23.05.2022 и второпријавениот Д.Д. на 24.05.2022 во текот на работното време додека биле ангажирани во шумски предел кај место викано „Ѓинов Камен“, без да бидат исполнети законските услови за употреба на огнено оружје, пукале со службена автоматска пушка, која ја задолжиле пред излегувањето на смена, во присуство на други полициски службеници кои заедно со нив биле работно ангажирани.

Исто така, првопријавениот А.Д. на 29.02.2024 и третопријавениот Ј.Б. на 08.03.2024, во време кога не биле работно ангажирани, во шумски предел во близина на место викано „Ѓинов Камен“, во присуство на неколку лица, рафално пукале со автоматска пушка. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе поднесе Предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против полицискиот службеник Ј.Б. и ќе изрече задолжителни мерки за отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка. За полициските службеници А.Д. и Д.Д., поради изминување на роковите за водење на дисциплинска постапка, нема да биде поднесен предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина“, извести МВР.

Следете a1on на Youtube YouTube
policajci

Би можело да ве интересира

Иран погуби две лица осудени за убиство на четворица полицајци

Горан Наумовски28/07/2026 - 14:11

Полициските службеници им го „расчистуваа“ патот на шверцерите на луѓе

Горан Наумовски15/07/2026 - 21:03

Случајот против 13 полицајци од Кочани продолжува: Одбиено е барањето за изземање на судијка поротничка

Горан Наумовски11/05/2026 - 12:30

Седум полицајци се повредени во експлозија во Украина, Зеленски тврди: Тоа е тероризам

Горан Наумовски24/02/2026 - 13:20

Американец истепа двајца полицајци кај Демир Капија

Горан Наумовски23/02/2026 - 14:0723/02/2026 - 14:40

Седум полицајци повредени во антитерористичка операција во Турција

Горан Наумовски29/12/2025 - 14:22
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео