ВИДЕО: Бројот на жртвите во терористичкиот напад во Москва се зголеми на 137

Од:

Бројот на загинатите во терористичкиот напад од петокот вечерта во концертната сала „Крокус Сити Хол“ близу Москва се зголеми на 137 луѓе, од кои три се деца, соопшти денеска рускиот Истражен комитет.

„До моментов на местото на терористичкиот напад се пронајдени телата на 137 лица… Увидот на местото на злосторството продолжува. До денеска идентификувани се 62 тела. Се спроведуваат генетски истражувања за утврдување на идентитетот на преостанатите жртви“, се додава во соопштението.

Според Министерството за здравство на Подмосковје (регионот на Москва), бројот на настраданите достигна 180 луѓе. Во болниците се хоспитализирани 142 ранети, од кои 32 лица веќе се отпишани, 38 се на амбулантна нега, девет на болничко лекување.

Истражниот комитет известува, исто така, дека продолжува истрагата и сослушувањето на четворицата осомничени како директни извршители на нападот, според снимките коишто самите ги направиле и откриени во нивните мобилни телефони.

Од местото на нападот биле подигнати четири комплети боева муниција, два автомати „Калашников“, над 500 куршуми и 28 рамки за автоматски пушки. Покрај тоа, при апсењето на терористите во Брјанската област, во шума на стотина километри од границата со Украина, во автомобилот „Рено“ со кој побегнале од местото на нападот, бил пронајден и пиштол „Макаров“ и рамка за автомат „Калашников“. Истражниот комитет, исто така, додава дека во комплексот „Кокус“ не се откриени експлозивни направи или траги од минирање.

Би можело да ве интересира

Момчето кое уби епископ е обвинето за тероризам, oдлучија обвинителите од Сиднеј

Нападната е жена, вработена во нотарска канцеларија

ФОТО: Полицајката од Сиднеј го совладува напаѓачот

А1он

Петмина загинати во нападот во Сиднеј

А1он

ВИДЕО: Напад со нож во Сиднеј, еден напаѓач убиен, другиот избегал

А1он

Убиен е полицаец во Москва, негов колега е ранет