ВИДЕО: Брејвик ќе се жали поради ограничувања

Од:

Норвешките власти соопштија дека заплениле повеќе од 200 писма на масовниот убиец Андерс Брејвик, со цел да го спречат да формира теририситчка мрежа надвор од затворот.

-Одбивме да испратиме некои негови писма од безбедносни причини. Зборуваме за околу 220 писма- изјави портпаролот на затворската администрација Јлинг Фесте, за „Франс прес“ и додаде дека ја контролираат неговата комуникација за да не воспостави мрежа која би извршила уште злосторства.

Инаку Брејвик сам ја контактирал редакцијата на норвешкиот весник „Верденс Ганг“, со цел да се жали на ограничувањата воведени на негова кореспонденција, а неговиот адвокат Геир Липестад изјави дека неговиот клиент поднел жалба за одлуката за пресретнување на писмата.

Брејвик кој сега има 35 години, на 22 јули 2011 година, го изврши најголемиот масакр во најновата историја на Норвешка, бидејќи во бомбашки напад на зграда на владата во Осло уби осум лица, а потоа уште 69 претежно тинејџери, пукајќи во кампот на подмладокот на левичарската Лабуристичка партија на островот Утоја.

Тој е осуден на 21 година затвор, но казната може да биде продолжена неограничено доколку се утврди дека претставува опасност за општеството.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Насилник со нож нападнал неколку лица: Полицијата го совладала напаѓачот

Норвешка го зголеми бројот на регрути: Мора да имаме доволно луѓе, ќе ни требаат се повеќе и повеќе

Спасени се сите патници од хеликоптерот кој падна во океанот во близина на Норвешка

Горан Наумовски

Исчезна хеликоптер во Норвешка, започната е спасувачка акција по преживеаните

ВИДЕО: Норвешки крузер со илјадници патници блокиран кај Маурициус поради страв од колера

Русија победува во Украина, западното оружје е потрошено тврдат норвешките тајни служби