(ВИДЕО) Борците на Вагнер ја преземаа контролата во рускиот град Воронеж, Суровикин им порача: Слушајте го Путин, вратете се во базата

Од:

Еден од највисоките руски воени команданти, генерал Сергеј Суровикин, ги повика платениците на Вагнер да ја почитуваат волјата и наредбата на претседателот Путин и да се вратат во својата база.

– Заедно со вас поминавме низ тешко, напорно патување, заедно се боревме, ризикувавме, загубивме и заедно победивме. Ние сме од иста крв, ние сме воини. Ве повикувам да престанете. Непријателот само чека да ни се влоши внатрешно-политичката ситуација. Не смееме да играме во рацете на непријателот во овој тежок момент за државата. Пред да биде доцна, мора да направиме нешто, да ја послушаме волјата и наредбата на претседателот избран од народот и сите проблеми ќе ги решиме по мирен пат – рече меѓу другото Суровикин.

Инаку, борците на Вагнер ја преземаат контролата врз сите воени објекти во рускиот град Воронеж, пренесува Ројтерс повикувајќи се на извор од руските безбедносни сили. Воронеж се наоѓа на околу 500 километри јужно од Москва.

Висок помошник на украинскиот претседател Володимир Зеленски ги опиша дејствијата на Евгениј Пригожин како „антитерористичка операција“ и рече дека „во Русија сè допрва почнува“.

Министерството за одбрана на Русија во соопштението упатено до платениците „Вагнер“ наведува дека тие биле „измамени и вовлечени во криминалната авантура“ на шефот на таа група, Евгениј Пригожин.

Во соопштението објавено на Телеграм, Министерството ги покани борците на „Вагнер“ да контактираат со претставници на министерството, велејќи дека нивната безбедност ќе биде загарантирана.

Би можело да ве интересира

Спасувачките тимови на мотоцикли ќе почнат да патролираат во Москва

Судот во Москва му одредил притвор на продуцент на Ројтерс

Горан Наумовски

Убиен е полицаец во Москва, негов колега е ранет

(ВИДЕО) Силно невреме во Москва, ветерот носеше се пред себе

Русија официјално ја обвини Украина за масакрот во Москва

Уапсен е уште еден осомничен кој учествувал во финансирањето на терористичкиот напад во Москва

Горан Наумовски