Уапсен е уште еден осомничен кој учествувал во финансирањето на терористичкиот напад во Москва

Од:

Идентификуван и приведен е уште еден осомничен кој учествувал во финансирањето на терористичкиот напад во „Крокус“, чие апсење го бара Истражниот комитет. Ова за ТАСС го соопшти прес-службата на Истражниот комитет на Руската Федерација.

„Идентификуван и приведен е уште еден осомничен вмешан во шемата за финансирање на терористичкиот напад. Истрагата ќе поднесе барање до судот за определување превентивна мерка притвор“, соопштија од Истражниот комитет.

За потсетување, Исроил Исломов, кој беше осомничен, а потоа и уапсен за терористичкиот напад на „Крокус“ поднесе жалба на одлуката на судот.

„Жалбата против судската пресуда против Исроил Исломов е заведена во судот“, изјави соговорникот за ТАСС.

Исроил Исломов е татко на двајцата уапсени браќа, Аминчон и Диловар Исломов.

Диловар Исламов поседувал автомобил „рено“, кој го продал на извршителите на терористичкиот напад.

Би можело да ве интересира

Голема потера во Москва по осомничен терорист

ВИДЕО: Ни рекоа дека ќе добиеме по милион рубљи во Киев, сведочи еден од терористите од Москва

Катерина Ѓуровски

Убиен е полицаец во Москва, негов колега е ранет

(ВИДЕО) Силно невреме во Москва, ветерот носеше се пред себе

Путин: Безбедносните сили ќе ги откријат организаторите на терористичкиот напад на „Сити Хол Крокус“

Терористи од Дагестан го финансирале масакрот во Москва