ВИДЕО: Ни рекоа дека ќе добиеме по милион рубљи во Киев, сведочи еден од терористите од Москва

Од:

Еден од обвинетите за учество во терористичкиот напад на концертната сала Крокус Сити Хол во предградието на Москва назначи кој бил координатор на целата операција, објави руската државна новинска агенција Тас.

Според обвинетиот, со нив контактирал човек по име Саифуло и на секој од нив им ветил по милион рубљи (околу 10.000 евра). На првиот руски канал беше прикажана снимка од испрашување на терористот од членови на Федералната служба за безбедност (ФСБ).

“Саифуло ни рече да одиме во Украина, во Киев. И дека таму ќе ни даде еден милион рубљи”, рекол еден од обвинетите за време на сослушувањето. Други обвинети зборуваа за наводната помош што им била ветена при преминувањето на украинската граница.

„Сајфуло рече дека на украинската граница ќе не чекаат момци кои ќе ни помогнат да ја поминеме границата и да стигнеме до Киев. Според последните податоци, во терористичкиот напад загинале 144 лица, а 551 се повредени.

За учество во терористичкиот напад уапсени се 11 лица, меѓу кои и четворица директни извршители. Рускиот истражен комитет соопшти дека истражителите пронашле докази кои ги поврзуваат сторителите со украинските националисти.

Би можело да ве интересира

Во Русија е уапсен 12-от осомничен за терористичкиот напад на „Крокус“

Голема потера во Москва по осомничен терорист

Путин: Безбедносните сили ќе ги откријат организаторите на терористичкиот напад на „Сити Хол Крокус“

Терористи од Дагестан го финансирале масакрот во Москва

По масакрот во Москва, Исламската држава се врти кон Европа и Америка

Уапсен е уште еден осомничен кој учествувал во финансирањето на терористичкиот напад во Москва

Горан Наумовски