ВИДЕО: Болсонаро прима терапија со хидроксихлорокин против Ковид-19

Од:

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро кој се зарази со новиот коронавирус, објави денеска на својот Фејсбук профил дека прима терапија со хидроксихлорокин.

– За сите кои ја критикуваат и се против терапијата со хидроксихлорокин, а не нудат алтернатива, жалам, но јас го примам овој лек и се чувствувам добро и со Божја помош ќе продолжам да живеам уште долго по коронавирусот, објави Болсонаро.

Тој објави видео снимка, на која ја прима својата трета доза на хидроксихлорокин, лек кој го промовираше и американскиот претседател Доналд Трамп, но чија ефикасност во лекувањето на заболените од Ковид-19 не е докажана, според исказите од СЗО.

Во Бразил досега се потврдени повеќе од 1,5 милиони случаи на заразени со коронавирус и над 65.000 починати лица.

Би можело да ве интересира

Болсонаро e обвинет за обид за државен удар

Глупоста е бесконечна: Бразилка мислела дека се допишува со Маск, му испратила пари за авионско гориво

А1он

Во Бразил клонирана втората најскапа крава во светот

А1он

(ВИДЕО) Се урна мост во Бразил, најмалку двајца загинати и осум исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка во Бразил загинаа 22 патници

А1он

Бразилскиот претседател Лула да Силва е отпуштен од болница