ВИДЕО: Болна жена шеташе со нож, полицијата ја „смири“ со електрошокер

Од:

Австралијка која боледувала од деменција заврши во болница со повреди опасни по живот, откако полицијата ја „смири“ во дом за стари лица. Инцидентот се случил кога полицајците пристигнаа во домот за стари лица Yallambee Lodge во Куома по извештаите дека 95-годишната Клер Ноуленд се шета со нож во рака

Кога полицијата пристигна во објектот, ја забележаа Ноуленд со нож за месо во рака. Надлежните и вработените во домот за стари лица се обидоа да ја смират ситуацијата, но 95-годишната жена полека тргна кон полицијата, по што е погодена со електрошокер.

„Користеше шетач. Но имаше нож“, соопшти полицијата, а пренесе Би-би-си.

Пријател на семејството на постарата жена, тврди дека таа била тејзерирана двапати, во градите и грбот, поради што паднала на подот и добила фрактура на черепот и тешко крварење на мозокот.

По јавен негодување поради, како што велат многумина, „несоодветен одговор“, полицијата на Нов Јужен Велс (NSW) соопшти дека започнала истрага. Таа додаде дека полицаецот инволвиран во инцидентот не е суспендиран, туку ќе биде сослушан во рамките на истрагата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Авион со заглавени тркала слета на аеродром во Австралија

Катерина Ѓуровски

Момчето кое уби епископ е обвинето за тероризам, oдлучија обвинителите од Сиднеј

Нападот на епископ во црква во Сиднеј е терористички чин оцени полицијата

ВИДЕО: Идентификуван напаѓачот од Сиднеј, уби шестмина и избоде деветмесечно бебе

ФОТО: Полицајката од Сиднеј го совладува напаѓачот

А1он

ВИДЕО: Напад со нож во Сиднеј, еден напаѓач убиен, другиот избегал

А1он