ВИДЕО: Блудниот и омразен чичко кој засекогаш ја промени судбината на Кралицата Елизабета

Од:

Кралица Елизабета Втора владееше со Велика Британија 70 години, но ваквата судбина за неа не беше предивдена со раѓањето. Сè се променило кога нејзиниот стрико кралот Едвард VIII абдицирал, па таткото на Елизабета, кралот Џорџ VI станал монарх. Тогаш животот на младата Елизабета радикално се променил

Кралот Џорџ V, дедото на Елизабета Втора, починал на 20 јануари 1936 година, а круната автоматски преминала на Едвард, кој станал крал Едвард VIII.

Едвард не беше особено популарен меѓу британските политичари. На ова влијаеше не само неговиот однос со Американката Волис Симпсон, туку и неговата вклученост во политиката и критиките на владата за неуспехот да обезбеди егзистенција за невработените рудари во Велс.

Според извештаите, Едвард сакал активно да учествува во водењето на државата, на што владата гледала со незадоволство.

И покрај тоа што политичарите не го сакаа, народот го сакаше, барем на почетокот. Меѓутоа, кога беше објавено дека сака да се ожени за Волис Симпсон, откако Американката се разведе, мислењето на луѓето се промени.

Едвард направил се за да остане крал, па дури и предложил да се ожени со Волис, но таа да не биде кралица и нивните деца да не можат да го наследат тронот. Сепак, таа опција беше отфрлена.

Тогаш кралот добил три предлози да ја реши болната ситуација за Британија и кралското семејство: да ја заборави Волис, да се ожени против желбите на неговата влада и министри или да абдицира. Едвард ја избра третата опција.

Едвард ги потпишал документите со кои се потврдува неговата абдикација на 10 декември 1936 година. Набргу по абдикацијата, Едвард се појавил во живо на телевизија, каде што бил претставен како принцот Едвард. Својата одлука да се повлече од функцијата монарх велејќи дека тоа би било невозможно без поддршката на жената што ја сака.

Во моментот на неговата абдикација, круната премина на главата на неговиот помлад брат Џорџ VI, чија ќерка Елизабета стана престолонаследничка.

Едвард имал врски со неколку мажени жени, а последната од нив, актерката Милдред Харис, го запознала со Волис Симпсон во 1931 година. Оваа дама од САД целосно ќе му го промени животот и ќе го натера да се скара со семејството.

Волис Симпсон била шармантна, харизматична и софистицирана жена, која била мажена во времето кога го запознала принцот Едвард. Таа се преселила во Лондон со нејзиниот сопруг. Едвард лудо се заљубил во неа и до 1934 година биле во врска.

Едвард и Волис се венчаа на 3 јуни 1937 година на приватна церемонија, на која членовите на кралското семејство не присуствуваа. По абдикацијата, Едвард ја доби титулата војвода од Виндзор.

Двојката живееше во Париз, ги поминуваше деновите во шопинг и правејќи забави за членовите на светскиот џет-сет. Едвард никогаш не се помири со фактот дека е маргинализиран и нема влијание, па постојано се обидуваше да ја оживее својата политичка кариера.

Додека светот беше на работ на Втората светска војна, флертувањето на Едвард со нацизмот не помина незабележано. Во 1937 година, војводата и војвотката од Виндзор ги посетија Германија и Адолф Хитлер, и покрај приговорите на британската влада. За време на оваа посета, Едвард го поздрави Хитлер со карактеристичниот нацистички поздрав, што шокираше многумина.

По оваа контроверзна посета на нацистичкиот водач во Германија, војводската двојка се вратила во Франција, од каде биле вратени во Британија во 1939 година.

Современиците на Едвард веруваа дека тој го претпочитал фашизмот пред комунизмот и дека поддржувал сојуз со Германија. Поединци посочуваат дека неговата абдикација дошла во вистински момент, бидејќи со оглед на неговите убедувања, се поставува прашањето што ќе се случеше со Британија и остатокот од Европа доколку тој останеше на тронот за време на Втората светска војна.

Хитлер го сметал Едвард за пријател на неговата идеологија на нацизмот, а абдикацијата на Едвард ја нарекол негова голема загуба. Многу историчари веруваат дека Хитлер бил подготвен да го врати Едвард на британскиот трон доколку се укажела прилика.

Волис и Едвард беа испратени на Бахамите за да ги спречат нивните фашистички активности во Британија, особено за време на војната. Самиот британски премиер Винстон Черчил верувал дека војводата од Виндзор е опасност за неговито кралство.

По завршувањето на војната, Едвард и Волис се вратија во Париз, каде што им беше доделена приватна резиденција. Поради Волис, Едвард не бил во најдобри односи со семејството, бидејќи кралското семејство никогаш не му го прости абдицирањето проади Волис. Едвард почина од рак на грлото на 28 мај 1972 година.

Кралското семејство, на инсистирање на кралот Џорџ и кралицата Елизабета, остана во Лондон за време на Втората светска војна. Кралот и кралицата одбија евакуација и сакаа да останат и да го поддржат британскиот народ.

За време на неговото владеење, Џорџ VI го доживеа забрзаното распаѓање на Британската империја. Јордан (во 1946 година), Бурма и Палестина (во 1948 година), Ирска (во 1949 година) и Индија (во 1950 година) го напуштија Комонвелтот за време на владеењето на Џорџ.

Здравјето на Џорџ VI многу брзо се влошувало. Како страствен пушач, боледувал од рак на белите дробови и артериосклероза. Починал на 6 февруари 1952 година, а го наследила неговата најстара ќерка Елизабета Втора.

Од моментот кога нејзиниот татко станал крал, Елизабета ја знаела должноста што ја чека еден ден. На својот народ почнала да му се докажува уште од најраните години, па учествувала и во Втората светска војна.

Во 1945 година, Елизабет се приклучи на армијата каде служеше како возач и механичар во Помошните територијални сили. Таа е единствената жена од кралското семејство што поминала воена обука, а исто така била и единствениот жив шеф на државата што служел во Втората светска војна.

Како што здравјето на кралот Џорџ се влошувало, Елизабета почнала да презема некои од неговите должности. Веста за смртта на нејзиниот татко ја затекнала во Кенија, каде што престојувала со нејзиниот сопруг, принцот Филип. Веднаш штом ја известиле за тажната вест, таа се вратила во Лондон, каде истиот ден била прогласена за кралица Елизабета Втора. Таа беше крунисана на свечена церемонија во 1953 година.

Би можело да ве интересира

Писмо на кралицата Елизабета од 1966 година продадено на аукција во Германија

Ана Ололовска

Официјално откриен надгробниот споменик на Елизабета Втора

Ана Ололовска

Погребот на кралицата Елизабета го надмина тој на Тито по посетеност

А1он

Елизабета Втора штотуку е погребана, а веќе се прават планови за нов кралски погреб

А1он

(ВИДЕО) Кралот Чарлс повторно ја шокираше јавноста: Прескокна црнец додека се ракуваше со ожалостените

А1он

Трамп го исмејуваше Бајден за тоа каде седел на погребот: Да бев јас, ќе бев во првиот ред

А1он