(ВИДЕО) Белата куќа за трите објекти: Тие не се вонземјани, сега сме на непозната територија

Од:

Во Белата куќа се одржа прес-конференција по повод соборувањето на три неидентификувани летечки објекти во последните три дена. Американските воени авиони во последните три дена соборија три објекти над Северна Америка, чие потекло сè уште не е познато.

Прес-конференциите во Белата куќа обично ги одржува портпаролката Карин Жан-Пјер, но денеска ѝ се придружи и Џон Кирби, советникот за национална безбедност на американскиот претседател Џо Бајден. Последен пат Кирби зборуваше на прес-конференција во Белата куќа во петокот, кога објави дека е урнат летечки објект над брегот на Алјаска.

„Кога зборуваме за рушење на овие објекти, нема докази за вонземјани или вонземски активности“, рече портпаролката Жан-Пјер на почетокот на прес-конференцијата, а потоа со насмевка на лицето и со смеа од присутните новинари, таа рече дека го сака филмот ЕТ, но сака да ја убеди американската јавност дека „нема индикации дека на Земјата се појавиле објекти од други планети“.

Таа потоа му даде збор на Кирби.

Кирби утврди дека САД и Канада почнале многу повнимателно да го следат нивниот воздушен простор по појавувањето на кинескиот балон над територијата на САД.

„Таквите објекти тешко се откриваат, тие се многу мали и оставаат многу мал радарски одраз. Дури и кинескиот балон не беше лесен за откривање, а беше многу поголем“, рече Кирби, додавајќи: „Сè уште не успеавме да ги идентификуваме овие три објекти“.

Би можело да ве интересира

Уапсен актер откако силувал и малтретирал девојка: Му се заканува доживотен затвор

ВИДЕО: Олуите и торнадата во САД однесоа 23 жртви, 300 илјади луѓе без струја

Пет лица загинаа во торнадо во Ајова, десетици се повредени

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува