(ВИДЕО) Бајден го одржа првиот говор откако ја напушти Белата куќа, веднаш го нападна Трамп

Од:

Поранешниот американски претседател Џо Бајден синоќа во Чикаго го одржа својот прв голем јавен говор откако ја напушти Белата куќа, остро го критикуваше Доналд Трамп за начинот на кој раководи со Управата за социјално осигурување и предупреди дека сегашната администрација „уништува систем од кој зависат милиони Американци“.

„Трамп и неговите луѓе им пристапија на владините институции со идејата на Силиконската долина, „движете се брзо и скршете сè“. И тие кршат сè по ред“, рече Бајден пред публиката составена од адвокати и експерти кои работат на заштита на правата на лицата со посебни потреби.

Иако Трамп тврди дека нема да ги допре бенефициите за 73-те милиони Американци кои користат социјална помош, многу граѓани се сè позагрижени. Локалните канцеларии за социјални услуги се преполни со повици, а поради предвременото пензионирање на многу вработени, поттикнати од администрацијата на Трамп, телефонските чекања и линиите стануваат подолги.

Трамп, исто така, најави „ремонт“ на системот за социјално осигурување, за кој многумина стравуваат дека може да ги скрати тешко стекнатите права на милиони Американци.

Бајден потсети дека за време на неговиот мандат, Управата за социјално осигурување го подобрила својот систем против измами, го скратил времето на чекање и го рационализирал системот за жалби: „Сè функционираше поефикасно и поправедно“.

Откако ја напушти Белата куќа во јануари, 82-годишниот Бајден се држеше подалеку од очите на јавноста – тој е виден во театар на Бродвеј, ресторани во Делавер и Џорџтаун и често патува со возот на Амтрак помеѓу неговиот дом во Делавер и неговата канцеларија во Вашингтон. Но, зад сцената тој остана политички активен: тој е во контакт со поранешни советници и високи функционери како Брус Рид, Стив Рикети, Џејк Саливан и Ентони Блинкен.

Тој работи и со новиот претседател на Демократскиот национален комитет, Кен Мартин, на кого му ја понуди својата поддршка по победата на изборите.

Бајден пишува мемоари за неговиот претседателски мандат во соработка со Агенцијата за креативни уметници, но тој одби да учествува во бројните книги што новинарите ги напишаа за изборите во 2024 година и крајот на неговиот мандат.

На говорот во Чикаго му претходеа помали јавни настапи – тој доби награда од Меѓународното братство на електричари во Вашингтон и говореше на состанокот Модел на Обединетите нации во Њујорк. Говорот во Чикаго го означува почетокот на неговите професионални говорни ангажмани за кои ќе биде платен, а се очекува да следат уште повеќе.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Најголем скок на цените на нафтата во последните шест години

Катерина Ѓуровски

Трамп: Не ни требаат луѓе кои се приклучуваат во војни откако веќе победивме

Трамп: Иран го бомбардираше сопственото училиште, убивајќи 168 девојчиња

(ВИДЕО) Трамп: Не сакам Курдите да влезат во Иран

Арагчи: Иранскиот народ, а не Доналд Трамп, ќе го избере новиот врховен лидер на Иран

Иран: Ако Трамп бара ескалација, тоа е токму она за што нашите моќни вооружени сили долго време се подготвуваат

Горан Наумовски