Судија му нареди на Трамп да ги врати CNN и Politico во Белата куќа

Од:

Сојузниот судија Тимоти Кели го разгледува барањето на медиумите CNN, MS NOW и Politico веднаш да им биде вратен пристапот до Белата куќа, откако американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела им го забрани.

На рочиштето во средата, Кели го довел во прашање начинот на кој администрацијата им ги одзела акредитациите на новинарите, посочувајќи дека претходно не им била овозможена соодветна правна постапка, во согласност со постојните судски преседани.

Трамп забраната ја објави минатиот петок на Truth Social, обвинувајќи ги трите медиуми за ширење „лажни вести“. Веќе следниот ден нивните новинари биле запрени на влезот во комплексот на Белата куќа, а акредитациите им биле деактивирани или одземени.

Медиумите потоа заеднички ја тужеа администрацијата на Трамп, тврдејќи дека забраната претставува одмазда поради нивното известување и ги крши правата загарантирани со Првиот амандман на американскиот Устав.

Администрацијата тврди дека пристапот до Белата куќа не е право, туку привилегија, а забраната делумно ја оправдува со националната безбедност и со тврдења дека медиумите објавувале чувствителни или доверливи информации.

Кели, кој беше именуван за федерален судија од Трамп за време на неговиот прв претседателски мандат, изразил резерви кон дел од аргументите на администрацијата. Тој не донел веднаш одлука по барањето на медиумите.

Спорот се случува во период на зголемени тензии меѓу Трамп и медиумите. Само ден претходно, Трамп вербално се спротивстави на новинарката на CNN, Кејтлан Колинс, за време на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

Забраната се однесува на пристапот до Белата куќа и не ги спречува новинарите на CNN, MS NOW и Politico да известуваат од седиштето на ОН.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Трамп се закани дека ќе го „уништи“ Иран во говорот пред ОН, додека претставници на двете земји се сретнаа во Њујорк

(ВИДЕО) Потпишан договорот за Гренланд: САД добиваат бази, територијален интегритет на Данска

ВИДЕО: Има слика, нема тон – војната со медиумите му се удри од глава на Трамп

Катерина Ѓуровски

Водечките ТВ мрежи, меѓу кои и Fox News, престанаа да го следат Трамп во знак на поддршка за CNN

ВИДЕО: Иран им се закани на САД

Медведев одговори на новите санкции од Трамп

Катерина Ѓуровски