ВИДЕО: Австралиско семејство една година живеелo со питон „потстанар“ на таванот

Од:

Членовите на едно семејство од Нов Јужен Велс во Австралија биле шокирани кога откриле дека чудните звуци што цела година ги слушале од таванот доаѓаат од триметарски дијамантски питон кој се вселил во нивниот дом.

Пета Нортон и нејзиниот сопруг во изминатава година често се шегувале дека е можно питон да живее на нивниот таван, а испаднало дека тоа е вистината.

Тие успеале да ја снимат огромната змија како се спушта по нивниот прозорец, вероватно одејќи во лов во дворот, по што ја затвориле дупката на таванот низ која влегол питонот.

Примерокот на дијамантски питон што се вселил во куќата на семејството Нортон бил долг околу три метри, а овој влекач може да порасне до најмногу четири метри должина и 15 килограми тежина.

Би можело да ве интересира

Момчето кое уби епископ е обвинето за тероризам, oдлучија обвинителите од Сиднеј

Нападот на епископ во црква во Сиднеј е терористички чин оцени полицијата

ВИДЕО: Идентификуван напаѓачот од Сиднеј, уби шестмина и избоде деветмесечно бебе

ФОТО: Полицајката од Сиднеј го совладува напаѓачот

А1он

ВИДЕО: Напад со нож во Сиднеј, еден напаѓач убиен, другиот избегал

А1он

ВИДЕО: Избезумени коали се држат за дрвја за време на сеча