ВИДЕО: Антивладини протести во Тунис

Од:

Туниската полиција употреби солзавец за да ги растера антивладините демонстранти од пред Министерството за внатрешни работи.

Демонстрантите во знак на протест поради убиството на опозицискиот пратеник Мохамед Брахими го блокираа централниот булевар во Тунис и поставија шатори, а потоа седнаа на земја пред Министерството за внатрешни работи и извикуваа „Долу партијата на Муслиманското братство, долумачителите на народот“.

Тие се против поврзаноста меѓу владејачката партија на Тунис Ан Нахда и Муслиманското братство во Египет.

tunisAntivladiniProtesti2
Според организаторите од градот Сиди Бузид, каде беше роден убиениот пратеник, како и од Сфакс и Гафса се упатиле демонстранти во главниот град за да се придружат на протестите и да побараат распуштање на Парламентот.

tunisAntivladiniProtesti3

Би можело да ве интересира

Четворица осудени на смрт, двајца на доживотен затвор за убиство на политичар во Тунис

Туниската полиција уапси стотици мигранти во крајбрежниот регион Сфакас

ВИДЕО: Хаос во Тунис, српските туристи за малку ќе се степаа со хотелиерите откако добија мувлосани соби

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Во напад пред синагога во Тунис: Полицаец уби двајца верници и колега, убиен е и напаѓачот

Горан Наумовски

ВИДЕО: Фудбалерот Низар Ал-Исави почина откако се самозапали

Предраг Петровиќ

Полицијата уапси министер за финансии и познат бизнисмен