(ВИДЕО) АНАЛИЗА: Зголемено насилство на улиците во Мадрид, што се случува во главниот град?

Од:

Мадрид е пред економски и здравствен колапс, шпанската полиција жестоко се спротивстави на демонстрантите кои протестираа против новите мерки за заштита од Ковид-19 што продолжија за време на викендот.

Жителите на најголемиот шпански град беа сведоци на насилство кое беше забележано низ улиците на Мадрид.

Причина за масовно излегување на незадоволниот народ на улица беше новиот сет на мерки кои ги донесе градскиот совет, кој воведе ограничување на движењето за населението поради зголемен број на новозаразени од Ковид-19.

Локалната полиција со цел да ја спречи толпата ја покажа својата бруталност, по што почна крвнички да ги тепа демонстрантите кои не сакаа да се повлечат и да заминат дома, но тоа не ги поколеба стотиците неистомисленици да го покажат своето незадоволство кон шпанските власти.

Со донесување на новиот сет на заштитни мерки, незадоволните граѓани сметаат дека ќе ги загубат работните места, а на тој начин и нивната егзистенција нагласувајќи дека претходните ограничувања целосно ги исцрпиле.

Властите во Мадрид открија 45 зони кои бележат зголемена стапка на новозаразени и поради тоа ќе бидат под посебен мониторинг.

Во изминатиот период, во еден ден беа евидентирани над 1.000 позитивни случаи на 100.000 жители.

Според статистиките, главниот град на Шпанија се наоѓа на врвот на европски градови по бројот на новозаразени.

Над еден милион лица според новите мерки ќе бидат предмет на ограничување особено кога станува збор за слободата на движење, тие нема да можат да го напуштат својот дом доколку немаат посебна дозвола која ги опфаќа луѓето кои се во работен однос, се школуваат или имаат здравствени проблеми.

Собирите се ограничени на шест лица, а локалните бизниси ќе можат да работат со половичен капацитет.

Локалните власти мобилизираа околу 400 полицајци да патролираат во 45 црвени зони со цел новиот сет на мерки да биде почитуван од страна на народот.

Во државата, досега се евидентирани над 715.000 позитивни случаи на Ковид-19 додека 31.000 починале.

Покрај здравствениот проблем, Мадрид е економски најпогоден град во Шпанија, експертите предвидуваат дека наскоро главниот град би можел да се соочи со слична ситуација како во Њујорк каде 90 отсто од сопствениците на ресторани не се во можност да ја платат месечната кирија.

Би можело да ве интересира

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четоврица мртви и 19 исчезнати во страотниот пожар во Валенсија

Катерина Ѓуровски