(ВИДЕО) Американски научник: Работев со вонземјани во Невада

Од:

Американскиот инженер и истражувач, Бојд Бушман, кој што е познат и како творец на проектилите „стингер“ пред да почина откри дека на Земјата живеат голем број вонземјани и дека со некои од нив се сретнал во американската воена база Област 51 во Невада.

Тој почина на 7-ми август годинава, но пред тоа ја откри вистината за вонземјаните, истражувањата за НЛО, антигравитацијата и сличните феномени.

Според него вонземјаните со напредната технологија може да патуваат побргу од светлината и да доаѓаат од планетата која што е одалечена 68 светлосни години од Земјава.

bojd-busman-foto-printscreen-yt-1414410741-584763

Тој наведе дека неколку НЛО и вонземјани се стационирани во базата Област 51 и дека постои специјална рута по која тие доаѓаат од Вселената, во добро обезбедената база во Невада, за истражувања поврзани со авионите и новото оружје, но и за вселенските летала и суштества.

-Вонземјаните кои што работат во базата се високи околу 1,5 метри и на возраст од околу 230 години. Имаат пет прсти на рацете, кои за 30 проценти се подолги од нашите, додека прстите на нозете им се составени. Со нас комуницираат со помош на телепатија-објасни Бојд.

bojd-busman-foto-printscreen-yt-1414411234-584764

На крај на интервјуто тој откри дека Област 51 соработува со Руси и Кинези, но само на истражувања кои што се однесуваат на антигравитацијата.

Инаку Бушман кој што има 40 годишна плодна кариера во најдобрите американски воени компании, како што се „Хјуз еркрафт“, „Џенерал динамикс“, „Тексас инструмент“ и „Локид Мартин“, добил награди за 26 патенти за ракетниот систем „стингер“, паметните бомби со ласерско наведување.

bojd-busman-saka-vanzemaljca-foto-printscreen-yt-1414411377-584766

Е. Г.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски