(ВИДЕО) Aлигатор долг 3,65 метри брутално нападнал пливач: „Чудо е што сум жив“

Од:

Алигатор долг 3,65 метри го нападна пожарникарот Хуан Карлос Ла Верде (34) во езеро во градот Тампа, Флорида. Ѕверот го нападнал Ла Верде додека тренирал за триатлон.

Искусниот триатлонец ги ставил рацете во устата на алигаторот, ги турнал вилиците од главата и градите и допливал назад до пристаништето каде што самиот се јавил на 911 пред да биде пренесен во болница од случаен минувач.

Повредите на алигаторот биле толку тешки што на Ла Верде му била извршена итна шестчасовна операција за реконструкција на дел од черепот и вилицата, според страницата GoFundMe на која се собираат пари за неговото лекување. Според извештаите, се очекува тој да биде подложен на уште најмалку една операција на черепот.

Во своето прво интервју по нападот, Ла Верде објасни за ABC news како се бранел.

„Замавнав со десната рака и почувствував заби. Мислам дека веднаш се обидов да му ја отворам устата. Потоа знам дека го свртев него или тој ме сврте мене. Сепак, тој беше збунет, исто како и јас, а потоа само ме пушти“, изјави Ла Верде, поранешен член на еден од спасувачките одреди на Военото воздухопловство на САД.

Како што вели, тоа што се спасил е чудо.

 

Би можело да ве интересира

Крвожедни видри нападнаа жена среде парк

Предраг Петровиќ

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

Жена со нож тешко рани најмалку шестмина во Германија

Исламската држава ја презеде одговорноста за нападот во Германија

A1on

Уапсено 15-годишно момче за нападот во Германија во кој загинаа три лица

A1on

ВИДЕО: Експлозија на танкер во Црвеното море нападнат од Хутите, следи еколошка катастрофа