ВИДЕО: 800 илјади луѓе во Газа немаат пристап до вода за пиење

Од:

Обединетите нации денеска објавија дека околу 800.000 луѓе во Газа немаат пристап до чиста вода за пиење, бидејќи скоро 50 проценти од мрежата за водоснабдување е уништена во вооружениот судир меѓу Хамас и Израел.

Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни работи соопшти дека околу 17.000 станбени, јавни и деловни згради биле оштетени или уништени за време на единаесетдневниот конфликт.

Според Светската организација, од 10 мај, кога почна конфликтот, оштетени се 53 образовни институции, шест болници и 11 здравствени домови.

Училиштата во Газа се затворени, поради што околу 600.000 ученици не посетуваат настава.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израелци палат возило, војската ги чува

Предраг Петровиќ

Дејвид Камерон: Поддршката на Велика Британија за Израел зависи од почитувањето на меѓународното право

САД: Револтирани сме од израелскиот напад во кој беа убиени хуманитарни работници

Израел уби седум хуманитарци, Нетанјаху тврди: Беше ненамерно

Хамас им се извини на жителите на Газа за прв пат по масакрот во Израел

Министерство за здравство во Газа: Досега починале 32.333 Палестинци