Ветеран побегнал од дом, за да присуствува на свеченоста во Нормандија

Од:

Еден британски ветеран, кој не добил дозвола од Домот за стари лица, во кој претстојува да присуствува на церемонијата по повод одбележување на „Денот Д“ во Франција, побегнал од домот и по 12 часа пристигнал во Нормандија, пренесе „Дејли телеграф“.

Осумдесет и деветгодишниот пензионер, чиј што идентитет не е откриен, одлучил да ја игнорира забраната на вработените во домот и по секоја цена да пристуствува на свеченоста. Тој во четврток наутро, со своите ордени, сокриени под капутот, влегол во автобусот во кој биле ветераните кои требало да отпатуваат во Нормандија.

Неговото исчезнување, вработените во Домот за стари лица во градот Хоув, Велика Британија, го забележале дури во доцните попладневни часови. Полицијата ја пребарала областа, ги проверила болниците, автобуските компании и такси службите, но не го пронашле.

Вечерта во домот им било јавено дека старецот е жив и здрав и дека со своите пријатели е во Нормандија.

-Еден ветеран се јави во домот и потврди дека „бегалецот“ е добро и дека ќе се врати откако церемониите ќе завршат-изјави портпаролот на полицијата.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили