Вестервеле го повика Ердоган да ја намали тензијата во Турција

Од:

Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле го повика денеска турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган да ја намали тензијата во земјата.

– Турската Влада испраќа погрешен сигнал во Турција и во странство со реакцијата кон демонстрантите, истакна Вестервеле, додавајќи дека снимките кои ги гледа од истанбулскиот плоштад Таксим се „загрижувачки“.

Вестервеле очекува премиерот Ердоган да ја намали тензијата „во духот на европските вредности“ и да најде начин за конструктивна промена и мирен дијалог.

Во Турција речиси две недели има судири меѓу полицијата и учесниците во антивладините протести. Полицајците употребуваат солзавец, водени топови и гумени куршуми.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски