Вестервеле: ЕУ размислува за нови санкции кон Северна Кореја

Од:

Шефот на германската дипломатија Гвидо Вестервеле денеска изјави дека Европската унија ќе ја разгледа можноста за воведување на нови санкции кон Северна Кореја, покрај вчерашните санкции воведени од страна на Обединетите нации.

Вестервеле истакна дека тој и другите министри за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ ќе ја разгледаат можноста за финансиски, трговски и други санкции на својот редовен состанок в понеделник во Брисел.

Тој наведе дека „воеинствената реторика“ на режимот на Ким Јонг Ун „ја турка земјата во уште подлабока меѓународна изолација“.

Вестервеле ја повика Кина да го искористи своето влијание и да направи дополнителен притисок врз Пјонгјанг.

Советот за безбедност на Обединетите нации вчера воведе нови санкции за Северна Кореја поради нуклеарната проба извршена во февруари.

Санкциите, првенствено финансиски, се одговор на третата нуклеарна проба на Пјонгјанг, со цел Северна Кореја потешко да ја финансира нуклеарната програма.

Резолуцијата на СБ беше предложена од неколку држави, меѓу кои САД, Велика Британија, Јужна Кореја и Франција, а беше едногласно изгласана од 15 земји-членки.

Со новите санкции се проширува листата на физички и правни лица, чии сметки ќе бидат замрзнати и ќе немаат право да патуваат.

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он

Новите лидери на ЕУ на првиот ден од функцијата се во Киев – носат моќна поддршка од Европа

А1он

„Тешка“ средба меѓу дипломатите на ЕУ и Иран за нуклеарната програма пред враќањето на Трамп

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он