Верувале или не: Го приземјиле авионот бидејќи им завршило работното време

Од:

Што значи да се работи по правилник.

Иако веќе почнала со приземјување на авионот, посадата на норвешки авион, го прекинала слетувањето и се вратила на аеродром оддалечен неколку стотина километри, за да ги избегне прекувремените работни часови.

Авионот се подготвувал да слета во градот Мосјен, на северот на државата, кога направил свртување и се вратил во Трондхајм, пишува локалниот весник “Rana blad”.

Во авиокомпанијата Видере, во состав на скандинавскиот авиопревозник САС, велат дека одлуката е донесена во согласност со норвешкиот правилник за работно време.

„За жал, авионот полетал со посада која била при крај на работното време. Имаме стриктно работно време кои ни го определиле властите и кој не смееме да го пречекориме. Ако авионот слетал во Мосјен, ќе мораше да остане бидејќи немаме друга екипа во тој град, и со тоа распоредот за другиот ден би бил пореметен“, изјави портпаролот на компанијата, додавајќи дека компанијата ќе морала да откаже летови со повеќе од 200 патници.

Би можело да ве интересира

Насилник со нож нападнал неколку лица: Полицијата го совладала напаѓачот

Норвешка го зголеми бројот на регрути: Мора да имаме доволно луѓе, ќе ни требаат се повеќе и повеќе

Спасени се сите патници од хеликоптерот кој падна во океанот во близина на Норвешка

Горан Наумовски

Исчезна хеликоптер во Норвешка, започната е спасувачка акција по преживеаните

ВИДЕО: Норвешки крузер со илјадници патници блокиран кај Маурициус поради страв од колера

Русија победува во Украина, западното оружје е потрошено тврдат норвешките тајни служби