Венс: САД мора да имаат права врз природните ресурси на Гренланд

Од:

САД ја обезбедуваат безбедноста на Гренланд и затоа мора да имаат права врз природните ресурси на островот, изјави американскиот потпретседател Џ. Д. Венс.

– Сакаме да го споделиме богатството на оваа прекрасна копнена маса со многу минерали и многу ресурси што фундаментално ги штитиме, рече тој во интервју за телевизискиот канал Newsmax.

Според Венс, не Данска, туку „моќта на САД“ е ја обезбедува безбедноста на островот.

„Ако се прашате што би се случило ако, не дај Боже, странска земја лансира интерконтинентална балистичка ракета кон САД, целиот наш систем за ракетна одбрана би можел да биде дестабилизиран ако не го контролираме Арктикот“, рече тој.

Венс додаде дека американскиот претседател Доналд Трамп работи на деталите за договорот за Гренланд.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) САД изведоа нови напади врз Иран. Трамп: Поставија некаков противвоздушен систем

Израел e затекнат од одлуката на Трамп: Вашингтон најавува прекин на воената помош

САД, Украина и Русија подготвуваат конкретни предлози за трилатерални преговори

Трамп: Изборите во Америка се толку наместени, што не можете ни да замислите

Трамп: Иран нема да има нуклеарно оружје

Москва негира дека пропадна договорот за испорака на дизел за Америка