Венс е скептичен во врска со американските напади врз Иран

Од:

Потпретседателот Џ.Д. Венс бил скептичен во врска со американските напади врз Иран пред одлуката на претседателот Доналд Трамп да започне воени операции, изјавија за Политико двајца високи функционери на администрацијата.

Додека Венс, кој долго време ја доведува во прашање интервенцијата на САД во странство, јавно ја бранеше операцијата на Трамп против Иран, претставници на Белата куќа велат дека потпретседателот јасно го искажал своето противење пред нападот. Откритието ги потврдува месеците шпекулации дека Венс е повнимателен во врска со воената акција од претседателот.

„Венс е скептичен, загрижен дали операцијата ќе успее и едноставно се спротивставува на војната против Иран“, напишал во СМС-порака висок функционер на Трамп, зборувајќи под услов да остане анонимен, објави Политико.

Би можело да ве интересира

Израел размислува за уништување на клучната инфраструктура на Иран, се подготвува нов напад

Хамнеи: Басиџ нема да пропушти можност да им се спротивстави на непријателите на Иран

(ВИДЕО) Трамп повторно воведува царини: Европа ги отфрла, за кина се „политичка манипулација“

Трамп се откажа од дел од понудата за Русија: „Стана јасно дека не се заинтересирани“

Кац: Иран развива хемиско оружје – Израел е подготвен за напад

Трамп подготвува нови царини за ЕУ