Венецуелскиот претседател сака да протера тројца американски дипломати

Од:

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро вчера објави дека го протера највисокиот американски дипломат од земјата и уште двајца вработени во Амбасадата на САД во Каракас.

Мадуро тврди дека тројцата Американци заедно со „крајната десница“ планирале саботирање на венецуелската економија и нејзиниот енергетски систем.

Мадуро во телевизиското обраќање наведе дека тројцата Американци се „персона нон грата“ и оти за 48 часа треба да ја напуштат Венецуела.

Амбасадата на САД во Каракас соопшти дека се уште не добиле официјално барање за тројцата вработени да ја напуштат Венецуела, истакнувајќи дека обвиненијата на претседателот се неосновани.

Би можело да ве интересира

Во Венецуела се уапсени 32 лица осомничени дека планирале атентат врз претседателот

Избегната војна во Јужна Америка

Бразил испраќа војска на границата со Венецуела, расте стравот од нова војна

Катерина Ѓуровски

Судството на Венецуела нареди апсење на новото раководство на паралелниот парламент

Ана Ололовска

Венецуелската опозиција го разреши привремениот претседател

Најмалку 43 загинати во свлечиштето во Венецуела, повеќе од 50 исчезнати

Горан Наумовски