Венецуелскиот претседател го промовира законот што на цивилите им забранува носење оружје

Од:

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро го промовираше законот за контрола на оружјето, што предвидува до 20 години затвор за цивилите кои ќе носат оружје, пренесоа француските медиуми, напоменувајќи дека Венецуела е земја со најмногу убиства во Јужна Америка.

– Го обнародувам законот за разоружување во име на мирот во татковината, изјави Мадуро при посетата на северната држава Варгас.

На почетокот на јуни парламентот на Венецуела едногласно го изгласа законот, што на цивилите им забранува носење оружје.

Текстот на законот предвидува казни од седум до 20 години затвор за цивили кои носат или се занимаваат со шверц на оружје.

Законот ја ограничува продажбата на оружје и муниција на приватни лица и го забранува покажувањето оружје на јавни места. Тој, исто така, го регулира употребувањето на оружјето од страна на силите на редот и луѓето кои се занимаваат со стрелаштво, и наметнува бележење на законската муниција.

Во февруари владата почна операција за пребројување на оружјето во оптек. Почнати беа и кампањи, кои поседувачите на оружје ги поттикнуваа доброволно да им го предадат на властите во замена за различни придобивки.

Според владата, во првото тримесечје од годината во земјата се регистрирани 3.400 убиства, а во 2012 година 16.000, што е неславен рекорд за Јужна Америка.

Според пребројувањето од 2009 година во оваа 29-милионска држава има меѓу девет и 15 милиони парчиња законско и незаконско оружје, а има само 40.000 официјално издадени дозволи.

Би можело да ве интересира

Во Венецуела се уапсени 32 лица осомничени дека планирале атентат врз претседателот

Избегната војна во Јужна Америка

Бразил испраќа војска на границата со Венецуела, расте стравот од нова војна

Катерина Ѓуровски

Судството на Венецуела нареди апсење на новото раководство на паралелниот парламент

Ана Ололовска

Венецуелската опозиција го разреши привремениот претседател

Најмалку 43 загинати во свлечиштето во Венецуела, повеќе од 50 исчезнати

Горан Наумовски