Венецуелскиот опозициски лидер го откажа протестот во Каракас за да се избегнат судири

Од:

Венецуелскиот опозициски лидер Енрике Каприлес го откажа предвидениот за денеска протест во Каракас, со образложение дека неговите противници се подготвени да упаднат во демонстрациите за да испровоцираат насилство.

Каприлес изјави дека на претседателските избори во неделата тој го победил Николас Мадуро.

Опозиционерот рече дека планирал да организира мирен протест до седиштето на Изборната комисија, за да го врачи барањето за повторно пребројување на гласовите.

Претходно Мадуро рече дека нема да го дозволи митингот, истакнувајќи дека „дошло времето на железната рака“ и ја обвини опозицијата дека сака да изврши државен преврат.

Во судири по објавување на резултатите од изборите во Венецуела загинаа седум лица, а над 60 беа повредени.

Би можело да ве интересира

Во Венецуела се уапсени 32 лица осомничени дека планирале атентат врз претседателот

Избегната војна во Јужна Америка

Бразил испраќа војска на границата со Венецуела, расте стравот од нова војна

Катерина Ѓуровски

Судството на Венецуела нареди апсење на новото раководство на паралелниот парламент

Ана Ололовска

Венецуелската опозиција го разреши привремениот претседател

Најмалку 43 загинати во свлечиштето во Венецуела, повеќе од 50 исчезнати

Горан Наумовски