Венецуелската Изборна комисија ќе ги провери сите гласачки ливчиња од изборите за претседател

Од:

Венецуелскиот Национален избирачки совет соопшти дека ќе изврши проверка на сите гласачки ливчиња од претседателските избори.

Според венецуелското изборно законодавство по завршување на гласање се извршува проверка на 54 отсто од предадените гласачки ливчиња во присуство на претставници на сите политички сили чии претставници учествуваат во изборите. Од одлуката на НИС следува дека претстои државна проверка и на останатите 46 отсто од гласовите.

Претседателката на Изборната комисија рече дека не станува збор за повторно пребројување на гласовите туку за ревизија на гласачките ливчиња кои не биле проверени во изборниот ден.

За 10 дена ќе бидат проверени првиот дел од гласачките ливчиња додека целиот процес ќе биде вкупно 30 дена. Кандидатот на опозицијата Енрике Каприлес изјави дека го одобрува решението на изборната комисија.

Би можело да ве интересира

Во Венецуела се уапсени 32 лица осомничени дека планирале атентат врз претседателот

Избегната војна во Јужна Америка

Бразил испраќа војска на границата со Венецуела, расте стравот од нова војна

Катерина Ѓуровски

Судството на Венецуела нареди апсење на новото раководство на паралелниот парламент

Ана Ололовска

Венецуелската опозиција го разреши привремениот претседател

Најмалку 43 загинати во свлечиштето во Венецуела, повеќе од 50 исчезнати

Горан Наумовски