Венецуела затвори гранични пунктови со Колумбија

Од:

Граничните пунктови меѓу Колумбија и Венецуела од денеска се затворени со наредба на венецуелските власти, објавија колумбиски медиуми.

Одлуката е заради вонредните претседателски избори во Венецуела закажани за 14 април.
Граничните пунктови ќе бидат затворени една недела. Според клумбиските медиуми, Венецуела за првпат затвора граници на толку долг период.

Колумбиски претставници тврдат дека со тоа ќе се нанесат големи штети во бизнисите.

Локални набљудувачи тврдат дека Владата во Каракас ја блокира границата со Колумбија бидејќи стравува од погранични инциденти предизвикани од колумбиските групи ФАРК и Армијата за национално ослободување.

Би можело да ве интересира

Во Венецуела се уапсени 32 лица осомничени дека планирале атентат врз претседателот

Избегната војна во Јужна Америка

Бразил испраќа војска на границата со Венецуела, расте стравот од нова војна

Катерина Ѓуровски

Судството на Венецуела нареди апсење на новото раководство на паралелниот парламент

Ана Ололовска

Венецуелската опозиција го разреши привремениот претседател

Најмалку 43 загинати во свлечиштето во Венецуела, повеќе од 50 исчезнати

Горан Наумовски