Венецуела: Опозицијата бара да се соопшти вистината за здравјето на Чавес

Од:

Главното опозициско движење во Венецуела денеска ја повика Владата во Каракас да ја изнесе вистината за задравствената состојба на претседателот Уго Чавес.

– Важно е Владата да дејствува на начин што влева доверба. Важно е да се каже вистината, изјави шефот на опозициската Коалиција за демократско единство Гилермо Авеледо.

Тој ја обвини владата за неодговорност бидејќи тврди дека Чавес ги извршува претседателските обврски додека тој заздравува во Куба и побара да се објави дијагноза и медицинска прогноза за состојбата на претседателот.

Венецуелските власти ја информираа јавноста за здравствени компликации кај Чавес, по последната операција на рак извршена на Куба, средината на декември минатата година.

Потпретседателот Николас Мадуро претходно изјави дека Чавес е целосно свесен за „комплексноста на својата постоперативна состојба“ и ги повика граѓаните да не веруваат во гласините за тоа дека претседателот е во кома или веќе мртов.

Чавес, доколку дозволат околностите, на 10 јануари треба да положи заклетва за уште еден претседателски мандат, кој би траел до 2019 година.

Би можело да ве интересира

Во Венецуела се уапсени 32 лица осомничени дека планирале атентат врз претседателот

Избегната војна во Јужна Америка

Бразил испраќа војска на границата со Венецуела, расте стравот од нова војна

Катерина Ѓуровски

Судството на Венецуела нареди апсење на новото раководство на паралелниот парламент

Ана Ололовска

Венецуелската опозиција го разреши привремениот претседател

Најмалку 43 загинати во свлечиштето во Венецуела, повеќе од 50 исчезнати

Горан Наумовски