Венецуела издејствува отстапка од Европа на собирот во Сантијаго

Од:

Европските делегати прифатија денеска, на средбата на Заедницата на латиноамериканските и карипски држави (CELAC) и Европската унија, дека сите држави се слободни да ги регулираат странските инвестиции во согласност со своите економски интереси.

Тоа беше главната точка на несогласување меѓу членките на ЕУ и државите од Јужна Америка на собирот што се одржува во Сантијаго. Бидејќи договорот е постигнат, претседателите и премиерите на државите, утре ќе го потпишат усогласениот заеднички документ.

Венецуела, домаќин на собирот, со тоа извојува дипломатска победа и покрај напорите на делегатите од ЕУ дека е неопходно воспоставување на цврста законска легислатива која ќе овозможи безбедност за инвестициите.

Европските компании во последните години претрпеа големи штети во Латинска Америка, откако некои од државите одлучија еднострано да ги заштитат своите ресурси и економијата.

Така, во Венецуела, претседателот Хуго Чавез го национализираше имотот на неколку странски компании, а слично се случи и во Боливија, каде што претседателот Ево Моралес ја национализираше шпанската компанија за дистрибуција на електрична енергија.

Комесарот за трговија во ЕУ, Карел де Гихт, апелираше денеска до Аргентина и Бразил да ги укинат бариерите за извоз од Европа.

На собирот во Сантијаго присуствуваа претставници од 10 држави од ЕУ како и 33 карипски и латиноамерикански земји.

Би можело да ве интересира

Во Венецуела се уапсени 32 лица осомничени дека планирале атентат врз претседателот

Избегната војна во Јужна Америка

Бразил испраќа војска на границата со Венецуела, расте стравот од нова војна

Катерина Ѓуровски

Судството на Венецуела нареди апсење на новото раководство на паралелниот парламент

Ана Ололовска

Венецуелската опозиција го разреши привремениот претседател

Најмалку 43 загинати во свлечиштето во Венецуела, повеќе од 50 исчезнати

Горан Наумовски