Венецуела избира претседател

Од:

Во Венецуела денеска се одржуваат претседателските избори на коишто граѓаните ќе избираат меѓу актуелниот левичарски претседател Уго Чавез и кандидатот на десната опозиција Енрике Каприљес, со што ќе се одреди курсот на државата за следните шест години.

Вкупно, инаку, седум кандидати се регистрирани на претседателските избори во Венецуела, меѓутоа само двајца од нив, според аналитичарите, имаат вистинска шанса за победа, претседателот Уго Чавез и единственот кандидат на опозицијата Енрике Каприљес.

Право на глас во Венецуела имаат се речиси 19 милиони луѓе, а жестока борба за нивните гласови се водеше во кампањата последните неколку седмици. Избирачките места низ целата земја, ги има повеќе од 13.600, ќе бидат отворени во 6 часот наутро по локално време (15.30 по македонско време).

За безбедноста на денот на гласањето се ангажирани 139 илјади војници.

Исто така поради безбедносни причини, од петокот навечер, 5-ти октомври, до понеделник 8-ми октомври, забранета е продажбата на алкохолни пијалаци, како и носење оружје за сите, освен за припадниците на војската, полицијата и специјалните служби кои се на должност.

Изборите во Венецуела со големо внимание ќе бидат следени и од другите левичарски влади во Јужна Америка, од Еквадор до Куба, коишто зависат од великодушната помош на Чавез и пониските цени на венецуелската нафта.

Би можело да ве интересира

Во Венецуела се уапсени 32 лица осомничени дека планирале атентат врз претседателот

Избегната војна во Јужна Америка

Бразил испраќа војска на границата со Венецуела, расте стравот од нова војна

Катерина Ѓуровски

Судството на Венецуела нареди апсење на новото раководство на паралелниот парламент

Ана Ололовска

Венецуелската опозиција го разреши привремениот претседател

Најмалку 43 загинати во свлечиштето во Венецуела, повеќе од 50 исчезнати

Горан Наумовски