„Велт“: Бомбашот од Париз е на слобода, терористите се камуфлираат како бегалци

Од:

Весникот „Велт“ во своето неделно издание предупредува дека човекот којшто е осомничен за изработувањето на бомбите што експлодираа во терористичкиот напад во Париз е се уште не слобода. Според податоци од германски разузнавачки извори, нему му помогнал специјалниот тренинг којшто „Исламската држава“ го организирала за своите оперативци коишто при влезот во Европа се камуфлираат како бегалци.

Еден од виновниците за нападот во кој лани загинаа 130 луѓе, а кој се уште е на слобода на неколу различни локации на кои биле пронајдени и експлозивни материјали оставил ДНК пишува весникот, пренесува дописникот на МИА од Берлин.

Тој во Европската Унија, влегол во октомври 2015 година преку „Балканската рута“ по што прво влегол во Австрија, а потоа и во Германија. Според податоците на службите за безбедност, Салех Абделселам со специјалистот за правење на бомби на ИД по што тој исчезнал, поради што се верува дека се вратил во Сирија.

Според анализите на германската разузнавачка служба БНД, опасноста од нови терористички напади се уште е голема, а според податоците објавени на крајот на октомври, опасноста е уште поголема затоа што терористите пред да дојдат во Европа се обучуваат да се измешаат меѓу бегалците и да не бидат сомнителни за безбедносните служби. Тие однапред ги знаат прашањата коишто ги поставуваат европските имиграциони служби и точно знаат што да одговорат за да не бидат сомнителни.

Според податоците што ги добил „Велт“, терористите на ИД покрај во Париз и Брисел планирале да извршат напади и во Амстердам. Планот за напад во Холандија бил пронајден во лап топ користен од загинатите напаѓачи од Брисел Ибрахим ел – Бакруи и Наџим Лакрауи. Според плановите, кои биле на француски јазик, сите тимови имале посебни имиња и јасни и прецизни задачи за извршување на терористичките напади.

Покрај „Француската група“ меѓу терористите имало и „Ирачка група“, „Метро група“ и „Аеродромска група“ којашто требало да го нападне аеродроммот „Шипхол“ во Амстердам.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турските разузнавачи го убија лидерот на Исламската држава

Ана Ололовска

Британката која се приклучи на Исламска држава, не може да се врати во Велика Британија

Ана Ололовска

Абу Хусеин – нов лидер на терористичката Исламска држава

Ана Ололовска

Исламска држава: Нашиот лидер е мртов

Ана Ололовска

Бездомничка во Париз принудила девојче да се истушира, ја силувала и ја убила

ИД ја презеде одговорноста за вчерашниот смртоносен напад во Сирија

Ана Ололовска