Бездомничка во Париз принудила девојче да се истушира, ја силувала и ја убила

Од:

Бездомничка од Франција, 24-годишната Дахбија Б., е осомничена дека е вмешана во убиството на 12-годишното девојче Лав Лавиет во Париз.

Да потсетиме, телото на 12-годишното девојче, кое беше убиено во петокот вечерта во Париз, беше пронајдено во куфер на улица недалеку од зградата во која живееше со родителите. Откако Лола во петокот не се вратила од училиште, нејзините родители ја алармирале полицијата и почнале да бараат.

Осомничената, бездомничка од Алжир, наводно има сериозни психички проблеми, а е обвинета за убиство, силување и мачење на 12-годишно девојче.

Дејли мејл објави детали од грозоморното злосторство. Во соопштението, обвинителите наведоа дека при распитот осомничената дала различни изјави, меѓу признавање на делото и негирање на убиството.

Рекоа дека бездомничката ја однела Лола во станот на нејзината сестра и ја принудила таму да се истушира. Осомничената изјавила дека откако девојчето се истуширало извршило кривично дело од сексуална природа и други насилни дејствија што довеле до смрт на 12-годишното момче, а телото го сокрила во куфер, пишува Дејли.

“Таа се фалеше дека продава делови од телото. Доказите сугерираат дека девојката била однесена во подрумот на станот каде што била мачена и силувана, пред да биде задавена и искасапена”, изјавил извор од истрагата.

Осомничената бездомничка нема криминално досие и била жртва на семејно насилство во 2018 година. Откако на жената и биле покажани фотографии од телото на Лола, таа наводно одговорила дека и таа била силувана.

Таткото на Лола, чувар во зградата, кога ја проверувал снимката од надзорната камера видел непозната жена како влегува во зградата со неговата ќерка.

Сведоците подоцна изјавија дека виделе жена како влече куфер.

Пред да биде пронајдено телото, мајката на Лола објавила слика од девојчето и жената за која се верува дека ја намамила и киднапирала на Фејсбук.

“Внимание! Нашата ќерка Лола е киднапирана. Последен пат е видена во друштво на девојка која не ја познаваме на влезот од нашата зграда. Ве молиме помогнете ни!” напишала мајката, која објавила и скриншот од надзорната камера.

Полицијата во подрумот пронашла траги од тепачка, селотејп и скалпел. Родителите на Лола се професионални чувари на низа згради во северен Париз, вклучувајќи ја и онаа во која живеат.

Би можело да ве интересира

По терористичкиот напад во Париз уапсен е главниот осомничен, а приведени се уште 6 лица

А1он

Отстранет мигрантски камп во Париз, евакуирани 1.400 лица

Моника Белучи во Париз со своето помладо момче

Ана Ололовска

Голем собир против антисемитизмот во Париз

Парискиот регион лани го посетиле 50 милиони туристи

Трамп: Постои можност „нешто да се постигне“ за Парискиот договор

Наум Локоски