ИД ја презеде одговорноста за вчерашниот смртоносен напад во Сирија

Од:

Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот во северна Сирија, во кој вчера загинаа 13 лица, а три беа повредени, соопшти денеска оваа група.

Нападот врз цивилен автобус се случи во провинцијата Рака, која претходно беше под контрола на Исламската држава.

Групата соопшти дека нивните борци го нападнале автобусот со автоматски пушки.

Сириската армија претходно соопшти дека меѓу жртвите има и 11 војници.

Исламска држава прогласи „калифат“ (форма на владеење) што покрива делови од Ирак и Сирија, а главен град беше Рака.

Тие беа поразени во 2019 година, но нивните борци сè уште вршат терористички напади во оваа област.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турските разузнавачи го убија лидерот на Исламската држава

Ана Ололовска

Сириски медиуми: Израел истрела проектили на градот Хомс, повредени тројца цивили

ВИДЕО: Израел ја ракетираше Сирија

Нов израелски воен напад врз Сирија, целта наводно биле ирански воздушни бази

Ана Ололовска

Одмазда за нападот со беспилотни летала – aмерикански авиони ги гаѓаа иранските бази во Сирија

ВИДЕО: Американски напади во Сирија на групите поддржани од Ирак