Голем бунт во Англија: 100.000 медицински сестри на улица, бараат повисоки плати

Од:

Медицинските сестри од Националната здравствена служба денеска ќе учествуваат во првиот национален штрајк, додека жестокиот спор со владата поради платите го зголемува притисокот врз веќе преоптоварените болници во еден од најпрометните периоди од годината.

Се проценува дека 100.000 медицински сестри ќе штрајкуваат денеска во 76 болници и здравствени центри, откажувајќи илјадници операции кои не се итни, и десетици илјади амбулантски прегледи во британската Национална здравствена служба која ја финансира државата.

Велика Британија оваа зима се соочува со бран штрајкови, парализирајќи ја железничката мрежа и поштенските услуги, а аеродромите се подготвуваат за прекини во текот на Божиќ.

– Жално е што некои членови на синдикатот продолжуваат со штрајкот. Работам на тоа во Владата и со медицинарите надвор од јавниот сектор за да обезбедам сигурно ниво на персонал – но сè уште сум загрижен поради ризикот од штрајкови за пациентите, рече министерот за здравство Стив Баркли.

Тој рече дека пациентите треба да продолжат да бараат итна медицинска помош и да доаѓаат на состаноци, освен ако не им е кажано да не го прават тоа.

Штрајкот на медицинските сестри на 15 и 20 декември е без преседан во 106-годишната историја на британскиот синдикат на медицински сестри, но Кралскиот колеџ за медицински сестри вели дека нема избор додека вработените едвај врзуваат крај со крај.

Медицинските сестри сакаат зголемување на платите за 19 отсто, тврдејќи дека претрпеле реални намалувања за една деценија и дека ниската плата значи недоволно персонал и небезбедна грижа за пациентите. Владата одби да разговара за платите.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

Борис Џонсон дојде на гласање без лична карта иако воведе закон според кој таа е обврска

А1он

Морничав случај во Велика Британија: Пет лица прикриле смрт и погреб на бебе

А1он

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Во Велика Британија: Уапсена е жена осомничена за убиство на десетгодишно девојче