Велика Британија и ЕУ ги интензивираат преговорите за Брегзит

Од:

Европската унија соопшти дека се договорила со Велика Британија да ги „интензивираат“ преговорите во обид да го спроведат Брегзит до закажаниот датум.

Засега, датум за излегување на Велика Британија од ЕУ е 31 октомври.

Ова беше објавено откако претседателот на Европскиот совет Доналд Туск рече дека добил „ветувачки сигнали“ од ирскиот премиер Лео Варадкар дека сè уште може да се постигне договор за Брегзит и го продолжи рокот за разговори со Велика Британија.

ЕУ ќе ги преиспита шансите за постигнување договор за Брегзит в понеделник.

Економистите велат дека напуштањето на ЕУ без договор ќе наштети на економиите и на Велика Британија и на ЕУ.

Британскиот премиер Борис Џонсон претходно изјави дека Велика Британија ќе ја напушти ЕУ на 31 октомври, со или без договор.

Би можело да ве интересира

ЕУ им нуди на Украинците сопствен договор, постои клучна разлика од тој на Трамп

ЕУ усвои нов пакет-санкции против Русија

Калас: Одржувањето претседателски избори за време на војна не е опција за Украина

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз