„Вечерњи лист“: Се проверува хрватската врска со Париз

Од:

Хрватските безбедносни служби во соработка со француските колеги наведуваат дека некои од напаѓачите во Париз во ноември користеле мобилни телефони купени во Хрватска, пишува „Вечерњи лист“.

Реконструкцијата која ја направил „Вечерњи лист“ врз основа на официјалните документи на француските истражители, го покажува движењето на терористите, нивните меѓусебни односи, како и односите со луѓето надвор од тесниот круг на напаѓачите, а во тој контекст е пронајдена и врска со Хрватска.

Имено, во нападите на стадионот, кафулињата и рестораните во Париз, напаѓачите користеле мобилен телефон од Хрватска, а двајца од нив, а не како што досега се мислело еден, на пат од Сирија во Париз минале низ Грција и натаму по балканската рута преку Хрватска, користејќи се со фалсификувани документи.

Според исказот на еден од сведоците, организаторот на нападите во Париз, Абделхамид Абауд, и рекол на роднината Хасни аит Булахсен дека од Сирија стигнал преку балканската рута, инфилтрирајќи се меѓу мигрантите, како и оти со него пристигнале уште 80 борци во Европа.

Таа во повеќе наврати упатувала повици во Хрватска или повикувала некого од хрватски број, пишува во француските документи, наведува „Вечерњи лист“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Тепачка во трамвај во Загреб, се пресметаа двајца постари мажи

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски