Вашингтон се јавил во Москва пред патувањето на Бајден во Киев

Од:

Соединетите Американски Држави воспоставија контакт со Русија непосредно пред посетата на американскиот претседател Џозеф Бајден на Украина, наведува агенцијата АП.

Повикувајќи се на својот извор од Белата куќа, агенцијата пише дека причината за повикот до Москва е да се отфрлат грешките кои би можеле да доведат до директна конфронтација меѓу двете нуклеарни сили.

„Белата куќа не соопшти детали, но наведе дека основната комуникација со руската страна била да се исклучат конфликтни ситуации непосредно пред посетата на Бајден, се со цел да се избегнат грешките кои би доведоа до директен конфликт меѓу двете нуклеарни сили“, се наведува.во текстот на агенцијата.

Американскиот претседател денеска ненадејно го посети Киев и се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Пред неговото пристигнување, кога ни официјално не се знаеше дека Бајден ќе пристигне во утринските часови, главниот град на Украина беше целосно блокиран, а сирените за воздушен напад се огласија низ градот.

Последователно беше откриено дека Бајден, кој официјално требаше да одржи говор во Полска во пресрет на годишнината од почетокот на рускиот напад врз Украина, пристигнал во Киев со воз. Цело време бил придружуван со силни безбедносни мерки, а најмалку два набљудувачки авиони Боинг Е-3Б на американските воздухопловни сили кружеле во близина на полско-украинската граница.

Затоа, контактот на Вашингтон со Москва за време на посетата на Бајден не е изненадувачки, бидејќи тоа е територија на која се случуваат ракетни напади и каде дејствуваат системи за противвоздушна одбрана.

Би можело да ве интересира

Големо понижување на Зеленски: Го избркаа од Белата куќа

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Порака од Америка: Зеленски, поднеси оставка или прифати ги последиците

Првата одлука на Стејт департментот по хаосот во Белата куќа: Се укинува поддршката за Киев

Предраг Петровиќ

Захарова: Вистинско чудо е што Трамп и Венс не го удрија Зеленски

Предраг Петровиќ

Поддршка за Зеленски од Европа

(ВИДЕО) Новинарот на Трамп до Зеленски: Зошто не носиш костум, дали воопшто имаш?