Зеленски: Предлогот на Украина за ненапаѓање на цивилната инфраструктура останува на маса

Од:

Предлогот на Украина за прекин на нападите врз цивилната инфраструктура останува на маса, но тоа бара вистинска подготвеност на Русија да учествува во дијалог, објави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски на Телеграм.

Нашиот предлог за прекин на огнот против цивилната инфраструктура, исто така, останува на маса. Потребна е вистинска волја од Русија да учествува во овој дијалог. Нема и нема да има пречки од Украина, посочи Зеленски.

Тој додаде дека Киев предложил продолжување на велигденското примирје и негово претворање во целосен прекин на огнот.

Зеленски вчера изјави дека Украина е подготвена за секаква форма на дискусии за да се стави крај на нападите врз цивилни објекти.

Претходно, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека Русија е подготвена да го разгледа предлогот на украинскиот претседател Володимир Зеленски за прекин на нападите врз цивилната инфраструктура.

Кога зборуваме за цивилни инфраструктурни објекти, мора јасно да разликуваме под кои околности овие објекти можат да бидат воена цел, а под кои околности не можат, посочи Песков, цитирајќи ја изјавата на Путин дека цивилен објект може да биде воена цел доколку таму има непријателски борци.

Путин пред Велигден прогласи 30-часовниот прекин на огнот. Но, Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за постојано кршење на велигденскиот прекин на огнот и за непочитување на мораториумот на нападите на енергетската инфраструктура, договорен со американско посредство минатиот месец.

 

Би можело да ве интересира

Зеленски бара Европа да биде вклучена во сите мировни преговори

Зеленски го отфрла повлекувањето од Донбас: Нема да се откажам од таа територија заради мир

(ВИДЕО) Трамп: Омразата меѓу Путин и Зеленски е главната пречка за мир, Украина ќе има поинакви граници

Зеленски бара јасни безбедносни гаранции: Кој и како ќе реагира ако Русија повторно ја нападне Украина?

Вајдел бара Зеленски во Берлин да одговори на наводите за незаконско приведување и малтретирање луѓе

Зеленски со директна порака до Трамп: „Притиснете го Путин, а не мене“