„Вашингтон пост“: Трамп ги игнорирал укажувањата на ЦИА за опасноста од коронавирусот

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп со месеци наназад ги игнорирал предупредувањата на американските разузнавачки служби за заканата од пандемија, пишува весникот „ Вашингтон пост“ .

Припадник на разузнавачката служба и неколку членови на администрацијата на Трамп, кои сакале да останат анонимни, за весникот изјавиле дека претседателот постојано ја минимизирал заканата од Ковид-19 и покрај растечката загриженост на соработниците и членовите на неговиот кабинет, уште во јанаури и февруари.

Во текстот на „Вашингтон пост“ се истакнува дека ЦИА многу брзо откако вирусот почнал да се шири во Кина, предупредија дека станува збор за протенцијална пандемија., но дека Трамп во самиот старт ги отфрлил таквите теории, нарекувајќи ги претерување.

ЦИА од првиот ден ја следела ситуацијата со вирусот во Кина и предупредувала дека тамошните власти ја замаглуваат вистинската слика што била многу сериозна, наведува весникот, и додава дека разузнавачите не предведеле кога вирусот може да ги погоди САД, ни што треба да се направи во таква ситуација, но дека навремено ги информирале сите надлежни луѓе во американскиата Вклада.

„Доналд Трамп ова може не го очекувал, но многу луѓе околу него да. Меѓутоа, не можеле да го наговорат нешто да преземе. Веќе биле запалени сите можни црвени сијалички“, изјавил неименуваниот извор од разузнавачката заедница.

Во текстот на весникот се наведува дека Трамп првиот состанок на оваа тема со своите соработници го одржал на 18 јанаури. Весникот, исто така, наведува дека неговиот советник за здравство Алекс Азар се обидел да му објасни што може да се случи, но дека Трамп во еден момент го прекинал и запрашал кога ќе продолжи „продажбата на електронски цигари“.

Весникот наведува дека до крајот на јануари веќе имало редовни средби за коронавирусот, но дека Трамп не ја сфакал сериозноста на ситацијата.Нему, наводно, најмногу му сметало тоа што оваа тема ги одвраќала инвеститорите, пишува „Вашингтон пост“.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност