Вашингтон пост: САД добија околу 500 извештаи дека Израел злоупотребил американско оружје

Од:

Соединетите Американски Држави добиле речиси 500 извештаи дека Израел наводно злоупотребил американско оружје, односно дека го користел во напади во кои биле убиени палестински цивили во Појасот Газа, пишува денеска Вашингтон пост.

Весникот наведува дека овие злоупотреби биле пријавени од различни американски владини агенции, хуманитарни организации, непрофитни организации, сведоци и дека медиумите пишувале за тоа.

Според инструкциите на Стејт департментот, американските официјални лица треба да ги завршат истрагите и да препорачаат одговор на таквите тврдења во рок од два месеци, објави „Тајмс оф Израел“.

Извори изјавија за Пост дека некои од тие случаи на наводна израелска злоупотреба на американско оружје најверојатно претставуваат кршење на американското и меѓународното право.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен претходно оваа година поднесе извештај до Конгресот во кој заклучува дека е разумно да се претпостави дека Израел користел американско оружје на начини кои не се во согласност со американскиот закон.

Би можело да ве интересира

Ели Шарвит е назначен за нов шеф на Шин Бет

Кина е најголема закана, САД ќе ја поддржат Европа само со нуклеарно одвраќање против Русија

Али Хамнеи: САД ќе се соочат со силна одмазда ако го нападнат Иран

ВИДЕО: Нема мир во Газа ниту на празник, Израел ги продолжува нападите

Катерина Ѓуровски

Дали САД се подготвуваат да го нападнат Иран: Сателитските снимки покажуваат групација на стелт бомбардери Б-2

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) „Ако проектил од подморница летне кон Америка…“: Џеј-Ди Венс и се закани на Данска од воената база на Гренланд

Предраг Петровиќ