Вашингтон, Москва, Пекинг, Лондон и Париз се обврзаa да го спречат ширењето на нуклеарното оружје

Од:

Петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН – САД, Кина, Русија, Велика Британија и Франција – денеска презедоа обврска „да го спречат натамошното ширење“ на нуклеарното оружје.

Обврската беше вметната во заедничката декларација усвоена пред конференцијата на која ќе се дискутира за Договорот за неширење на нуклеарно оружје (НПТ).

Петте нуклеарни сили ја истакнаа својата подготвеност да работат со сите земји за да се воспостави безбедна средина што ќе овозможи да се постигне поголем напредок во разоружувањето, со крајна цел да се постигне свет без нуклеарно оружје, соопшти Франција, која ја координираше работата на овие земји со конференцијата за неширење на нуклеарното оружје.

Декларацијата е договорена во време кога се водат преговори со Иран, земјата што е осомничена дека се обидува да создаде атомска бомба.

Би можело да ве интересира

Улф Кристерсон: Aмериканското нуклеарно оружје на шведска територија е можно во случај на војна

Извештај: Американците се подготвувале за нуклеарен напад од Русија

Предраг Петровиќ

Русија може да користи нуклеарно оружје полесно отколку што се мисли

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Путин: Не сакаме нуклеарно оружје во вселената

Пакистан е веќе нуклеарна сила: Никој нема увид што изработува и колкава опасност може да предизвика

А1он