Вашингтон и Орегон легализираа употреба на марихуана

Од:

Граѓаните на американската сојузна држава Орегон и дистриктот Вашингтон гласаа за легална употреба на марихуаната додека во повеќе други држави и градови покрај изборите за конгрес беа организирани референдуми и за други прашања – легализација на абортус, генетски модифицирана храна, намамување мечки …

Орегон и дистриктот Вашингтон застанаа на страната на лоби групите за легализација на марихуана две години подоцна откако беше легализирана употребата на канабис во Колорадо и во сојузната држава Вашингтон.

Референдум за тоа прашање беше одржано во Флорида каде граѓаните поддржаа употреба на марихуна за медицински цели.

Граѓаните Арканзас, Илиноис, Небраска и Јужна Дакота одлучуваат на референдум за висината на минималната заработувачка и според првите резултати гласале за нејзино зголемување од сегашните 7,25 долари за час.

Уште едно горчливо прашање беше ставено на гласање а станува збор за легализација на абортус. Предлогот на референдум во Колорадо фетусот да се дефенира како личност, беше одбиен од 64 отсто гласачи. И во Северна Дакота гласачите во ист процент поддржаа  легализација на абортус за правата за носење оружје се гласаше во Алабама, Мисури и Вашингтон.

Во осум градови во САД се одлучуваше за мерки против експлоатација на нафта и гас по пат на хидраулично разбивање карпи што досега помогна за јакнење на американската нафтена индустрија. Критичарите предупредуваат за катастрофално влијание за животната средина со употреба на таква метода.

Во неколку градови се одлучуваше и за забрана за генетски модифицирана храна.

Малку полесно прашање имаа граѓаните на Сан Франциско и Беркли кои одлучуваа за воведување данок од еден цент за сантилитар засладени пијалоци што би требало да биде мерка за намалување на прекумерната тежина и други здравствени проблеми.

На Аљаска се гласаше за предлог да се забрани вадење руда ако тоа ги загрозува дивите лососи додека во државата Мејн избирачите одговараа на прашања дали треба да се забрани намамувањето мечки, а особено кога станува збор за употреба на ладна пица или крофни како мамки.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски