Вануату го пријави првиот случај на коронавирус кога едно лице, кое се врати од САД, беше позитивно тестирано додека беше во карантин. Пацифичката држава беше една од ретките преостанати земји што досега не намаа заразени од коронавирус, пренесува АП.
Здравствените власти соопштија дека 23-годишниот маж немал никакви симптоми кога пристигнал од САД на 4 ноември и дека по пет дена бил рутински тестиран. Властите соопштија дека ќе ги задржат во карантин преостанатите патници од летот со кој пристигнал и ќе ги следат контактите на заразеното лице, но дека нема потреба да се воведуваат други мерки.