Вакцината „Астра зенека“ создава посилна реакција по правата, а „Фајзер“ по втората доза

Од:

Во текот на масовните вакцинации против Ковид-19 експертите забележале различни реакции особено кај вакцините „Фајзер“ и „Астра зенека“. Утврдено е дека реакциите кај „Астра зенека“ се посилни по првата, а кај „Фајзер“ по втората доза.

„Во споредба со првата доза, реакциите забележани по втората доза од вакцината „Астра зенека“ се многу поблаги и многу поретки потврдува британската регулаторна агенција за лекови и медицински производи.

Според американскиот Центар за контрола на болести во случајот со вакцината „Фајзер“ реакциите како температура, треска, замор и главоболка биле почести по втората доза.

Американската агенција за храна и лекови наведува дека околу 70 проценти од луѓето на возраст меѓу 18 и 55 години кои ја примиле првата доза „Фајзер“ пријавиле дека имале температура наспроти 31 посто кои пријавиле дека имале температура по примената втора доза.

Лицата повозрасни од 55 години кои ја примиле првата доза од вакцината „Фајзер“ поретко пријавувале нус-појави. Но, и кај нив се забележува разлика меѓу првата и втората доза. На пример, само три посто од повозрасните пријавиле температура по правата, а 21 посто по втората доза од оваа вакцина.

Со други зборови, луѓето обично по првата доза „Астра зенека“ се чувствуваат како да имаат груп, а слично се чувствуваа луѓето по примањето на втората доза „Фајзер“.

Би можело да ве интересира

Шокантна изјава од АстраЗенека: Не беше работа на компанијата да се занимава со ковид вакцина

Предраг Петровиќ

Европските истражители ја презедоа истрагата за пораките на Урсула фон дер Лајен и шефот на Фајзер

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

ВИДЕО: Шест месеци Македонија вакцинира со „Фајзер“ со истечен, па продолжен рок

Маја Илиевска-Пачемска

САД ќе му платат на „Фајзер“ околу две милијарди долари за дополнителни пакувања на лекот „Паксловид“ во 2023 година

Ана Ололовска

„Фајзер“ инвестира 2,5 милијарди долари во производството на лекови во Европа